Штип, Тетово и Битола да станат онколошки центри за конзервативна терапија, додека на Онкологија останатото – реорганизацијата на Меџити

news
Advertisement

Онколошката пациенти да можат дел од својата терапија да ја примаат и во другите регионални центри, не само во Скопје и повремено во Битола е стратегијата на министерот за здравство Фатмир Меџити за растоварување на скопска Онкологија. Во емисијата „Стадион“ на Канал 77 Меџити рече дека на овој план работи веќе пет месеци, меѓутоа, уште во старт наишол на проблеми.

Advertisement

Во Штип не е направен бункерот (за сместување на акцелераторот), за што планираме во 2024 година да се направи со новиот буџет. Акцелератор има, но предусловите не се средени за да има основа да се направи таму, рече Миџити.

Со години зјапа длабоката дупка во кругот на Клиничката болница во Штип, каде требаше да се прави бункерот за акцелераторот. Градежните работи требаше да се одвиваат заедно со изградбата на Клиничката болница, која целосно е заглавена и повеќе од две години работите се стопирани. Неодамна беше раскинат договорот со фирмата изведувач на работите, грчки Интракат.

-Клиничката болница во Штип не се гради, активиравме банкарска гаранција и работиме на распишување на нов тендер и избор на нов изведувач. Очекуваме пред Нова Година да почне да се гради со утврдена динамика, изјави Меџити.

За во Тетово и Битола се размислува за онтолошка конзервативна терапија со таблети со цел да ја растоварат Клиниката за онкологија од пациенти.

-Со тоа, таму каде живеат пациентите да можат примаат терапија и тешко болните да не доаѓаат до Скопје и тој пат уште толку да им ја влошува состојбата. Но, за некои места толку може да направи – работиме на сите фронтови, изјави министерот за здравство во „Стадион“.

Меџити кажа дека биолошката терапија не е на позитивната листа на лекови, туку се набавува со тнр. условен буџет. Такви условени буџети има на неколку клиники.

-Проблемот е што бројот на канцерогени заболувања од ден на ден расте многу. Нависитна е многу оптоварена Онкологија и тој кадар, кој не може да го издржи тој притисок. Со условен буџет, кога немате планирано тешко се задоволуваат потребите. Се почитуваат условите за тендер се случува да доцнат со недели или денови лековите, изјави Меџити.

Министерството за здравство работи не само на зголемување на буџетот за набавка на биолошка терапија, туку и на системско решение, со цел набавката да не зависи од вољата на министерот и ако може предвреме да се планираат и објавуваат тендерите.

Извор: https://mms.mk/331229/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.