Што ако Бугарите не влезат во македонскиот Устав, загриженост меѓу бугарските пратеници

news
Advertisement

Бугарската собраниската Комисија за надворешна политика усвои декларација за Македонија која ќе се достави на гласање на пленарна седница, а во која се изразува силна осуда поради „актите на насилство врз Бугарите, нивните клубови и организации“ и особено се осудува насилството врз Христијан Пендиковски. Исто така, се осудуваат „лажните и манипулативни изјави за бугарското минато во јавниот и политичкиот простор на Република Северна Македонија“ со оценка дека станува збор за намера заради изградба на чуства на омраза кон Бугарите и Бугарија. Меѓу другото, со декларацијата се повикуваат македонските власти „да преземат сеопфатни, итни и ефективни мерки за борба против говорот на омраза и злосторствата од омраза во сите форми и манифестации против бугарските граѓани и граѓани со бугарски идентитет. Се изразува целосна подготвеност за обезбедување на каква било помош за постигнување на оваа цел, вклучително и заеднички со меѓународните партнери и институции“.

Advertisement

Исто така, се искажува загриженост од можноста со ескалација на антибугарската кампања во Македонија да се загрози процесот на вклучување на Бугарите во Уставот на земјата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.