Што истрела Северна Кореја утрово?! Аларм во Јужна Кореја, итно интервенираше и САД

news
Advertisement

Северна Кореја утрово истрела неколку крстаречки ракети кон Јапонското Море, соопшти јужнокорејската војска. Ова е уште еден во серијата тестови на оружје што Пјонгјанг ги спроведе оваа година.

Advertisement

„Денеска во 9:00 часот, нашата војска забележа неколку непознати крстосувачки ракети во водите североисточно од Вонсан, а јужнокорејските и американските служби започнаа детална анализа “ , соопшти воениот штаб на Јужна Кореја. Во соопштението се додава дека јужнокорејската војска „ќе го зголеми набљудувањето и надзорот“ и „внимателно ќе ги следи сите знаци на дополнителна активност од страна на Северна Кореја “.

Пјонгјанг во понеделникот објави дека тестирал нов систем за наведување за ракетен фрлач со повеќе цевки , кој има намера да го користи за значително зајакнување на своите одбранбени способности. Северна Кореја, која има нуклеарно оружје, оваа година ја прогласи Јужна Кореја за „главен непријател“ , затвори агенции посветени на обединувањето и се закани со војна.

ПРЕПОРАЧУВАМЕ Законот помина во Сенатот, но… Сега што треба да се случи за Киев навистина да добие помош од 60 милијарди долари?
Пјонгјанг го засили тестирањето на воената опрема , тестирајќи го особено она што го опишува како „подморски систем за нуклеарно оружје“ и хиперсонични балистички ракети со цврсто гориво. Војската на Северна Кореја оваа година лансираше серија крстосувачки ракети, оружје за кое аналитичарите се сомневаат дека може да биде испратено во Русија за употреба во војната во Украина.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.