Што се случува во ДУИ? Ахмети ги собира сите функционери во Мала речица

news
Advertisement

Хиѕен состанок со највисоките функционери на партијата свика лидерот на ДУИ во Мала Речица. Нема информации зошто е свикан состанокот, а Ахмеѕи напиша на фејсбук дека со неговите луѓе разговарале за политичките случувања во државата,
“Т: Што се случува во ДУИ? Ахмети ги собира сите функционери на ДУИ

Advertisement

За да разговараме за политичките случувања во државата, за клучната улога на ДУИ во сите витални процеси за иднината на државата, како и за спроведувањето на изборната програма на централно и локално ниво, денеска ги повикав министрите, градоначалниците на општините и раководителите на ограноците на Демократската унија за интеграција.

Како што секогаш останавме на вистинската и одлучувачка страна во текот на овие две децении кога земјата мораше да направи чекори напред во демократските процеси на еднаквост и интеграција, мора да продолжиме да бидеме одлучувачки фактор во следните предизвици на конечното заокружување на нашата интегративен пат, управување со економската и енергетската криза, како и ефикасна услуга на граѓаните со квалитетни животни проекти во секоја институционална инстанца.

Свесни дека ни претстои многу работа, но со храброст и зрелост, како и со инспирација од досегашните достигнувања, заедно со граѓаните ќе го продолжиме патот на успехот” напиша на фејсбук статус Ахмети.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.