Ѓоковиќ: Шокиран сум од мојата лоша игра

news
Advertisement

Новак Ѓоковиќ првпат во кариерата загуби полуфинале на Австралија опен откако денеска беше поразен од Јаник Синер со 3-1 во сетови.

Advertisement

Ѓоковиќ беше посебно лош во првите два сета, а дека ова не беше негов ден говори и фактот дека тој немаше ниту една брејк топка, нешто што првпат му се случи на грен-слем натпревар во кариерата.

„Пред сѐ, сакам да му честитам на Синер за одличниот турнир и сосема заслужено е во финалето бидејќи ме надигра. Јас сум шокиран од моето ниво, ништо не одиграв како што треба. Ова е еден од моите најлоши натпревари кои сум ги одиграл на грен слем турнирите“, рече Ѓоковиќ по мечот.

„Да бидам искрен, цел турнир не играв ни блиску до тоа што можам. Можеби против Манарино, но главно не играв така како што можам во Австралија. Искрено, Синер ме изненади, но не мислев дека ќе бидам толку лош во првите два сета“.

„И натаму имам надеж за другите грен слемови, Олимписките игри и останатите турнири. Тукушто почна сезона. Не сум навикнат на ова чувство, никогаш не сум загубил овде во полуфинале, но ајде да видиме. На овој турнир не бев на моето ниво, но тоа не значи нужно дека е ова почеток на мојот крај. Си ветив себеси дека оваа сезона ќе ја одиграм цела, во однос на моите настапи на најголемите турнири. Не знам дали тоа ќе се смени, сѐ е можно во оваа фаза од кариерата. Неочекувани и изненадувачки одлуки се повеќе очекувани сега, отколку пред 20 години“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.