Јакимовски кон Мицкоски: Граѓаните ќе препознаат кој е конструктивен, а кој само кенка, како дете пред исфрлање на сипаници

news
Advertisement

Првиот човек на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски денеска истакна дека советниците на ГРОМ ќе продолжат со поддршката на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

-Ние секаде ќе ве поддржуваме, за разлика од вас кои што не опструирате во општина Карпош, и 2025-та година, граѓаните ќе можат да направат разлика, меѓу вас, кои сте поддржувани, и мене кој што во континуитет ме опструират, рече Јакимовски и упати критики кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Да му порачам на господинот Христијан Мицкоски дека будно ќе пратиме каде се и во кои општини ќе се носат урбанистички планови, за наводна бетонизација на општините, и сето тоа ќе го претставуваме пред граѓаните, со цел да се види неговата лицемерна и лажна политика, зад која што практично се крие, само опструкција и ништо повеќе во општина Карпош. Уверен сум дека, граѓаните јасно ќе препознаат,кој е конструктивен и кој нуди решенија за нивните проблеми, а кој само кенка, како дете пред исфрлање на сипаници и се му смета“, истакна Јакимовски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.