Јакимовски: Советниците од ВМРО велат не биле насилни, а поднесоа 4000 амандмани за блокирање на Буџетот

news
Advertisement

По завршување на 37-та седница на Советот на Општина Карпош, во чии рамки мнозинство советници го изгласаа општинскиот буџет за 2024 година, Градоначалникот Стевчо Јакимовски по тој повод даде изјава за медиумите.

Advertisement

-Денеска конечно го усвоивме буџетот на Општина Карпош. Ова беше настан без преседан во историјата на локалната самоуправа, каде што советниците на ВМРО-ДМПНЕ се обидоа да го блокираат донесувањето на буџетот, а со тоа да го запрат функционирањето на Општината и исплаќањето плати на вработените од општинската администрација, училиштата и градинките. За среќа, надвладеа разумот и огромна благодарност од мене, од граѓаните на Карпош, од општинската администрација, до советниците на СДСМ, Левица и ГРОМ и двајцата независни советници Невена Георгиевска и Александар Илиески, кои што ја видоа сериозноста која што се создава со не носење на Буџетот, но со жалење можеме да констатираме дека советниците од ВМРО продолжија со нивниот деструктивен однос. Тоа беше една демонстрација на еден циркуз во кој имаше викање, како и обид да не се продолжи седницата, најмалку јавено 20 пати процедурално, па навредувања. Замислете, оној што дава 4.000 амандмани, во кој што најмалку еден бил по еден денар, тие не биле насилни, ние сме биле насилници, кои со мнозинство го носиме буџетот. За жал, сценаристот и режисерот Христијан Мицкоски кој е граѓанин на Општина Карпош, и кој се обиде да ја блокира Општината во која што живее, улогата што му ја доделил на актерот Роберт Вељановски, како главна улога, на крај не успеа да ја додржи ниту споредната улога, туку беше исфрлен на овој кастинг кој што го спроведува останатиот дел од Советот на Општина Карпош. Сега, бидејќи не глуми онаму каде што треба да глуми, се обидува да глуми во Советот на Општина Карпош, истакна Јакимовски.

Задоволен од исходот на денешната седница, пред медиумите се обрати и претставникот од општинската администрација, Дејан Јонузоски.

-Голема благодарност од името на сите вработени од Општина Карпош. Благодарност до дел од советниците што ја подржаа нашата борба и го изгласаа буџетот. Ова беше една победа за целата администрација која што и понатаму ќе продолжи да ги исполнува своите работни обврски, рече Јонузоски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.