Јакимовски со БОМБА – ВМРО пробува да заташка смрт слично како со Мартин Нешковски

news
Advertisement

На ул. Пиринска на 24.11. се случи несреќен случај, при ископ за изградба на нова зграда, без градежна дозвола во моментот, загина работник кој управувал со багерот во моментот. Стевчо Јакимовски обвинива дека во моментите после тоа, елката, проектот во Карпош и се останато е само праван на она што се случи. Смрт на машинист кој во објект кој во моментот на ископ немал градежна дозвола.
Целиот статус на Јакимовски:
Елката! Елката! Елката!

Advertisement

Се чудам зошто толку беше битна елката во измимативе 20ина дена. Таа го преокупира јавниот простор, а особено предњачеа опозиционите медиуми. Денес ми се разјаснија многу работи. Секако не заостануваше ни дупот за Алумина. ПР стручњаците на ВМРО вешто се обидоа да го префрлат интересот на јавноста од нивниот во туѓ двор.

Тивко, речиси нечујно пројде смртта на машинистот кој го управувал багерот кој ја копал дупката за изградба на градежен објект на улица “Пиринска”, спроти Руската Амбасада.

Нормално, се е побитно од смртта на еден човек, зацрнета една фамилија ако треба да се заташка соучество на некој симпатизер или член на Вмро. Штом е нивни човек, смртта е споредна работа. Исто онака како што беше смртта на Мартин Нешковски.

Повторно се потрудија максимално да ги прикријат погибјата на кутриот работник. Се прашувате кој е толку важен за Вмро.

Тој не бетонизира, не е урбан мафијаш, а како што слушам тој е еден од најголемите донатори на неговата партија.
Тој истиот гради и во Општина Карпош, кај бензиската во Козле, градеше и во Тафталиџе и нема ни оф ни леле, не им треба ни трева, ни дрва, ни паркинзи ниту воздух, бидејќи истиот како што велат е и бизнис партнер со еден од потпретседателите на ВМРО.

Претпоставувам нивната процена е вреди да се мижи, не со едното туку со двете очи и јазикот да се држи позади забите затоа што се работи за Ивица Георгиевски со партизанско име – Фреди.

Јавноста мора да знае. Дали е точно дека ископот се вршел без одобрение за градба и истата е изградена подоцна?
Дали е точно дека е вршен притисок врз надлежни институции да се минимизира и случајот да се стави на спореден колосек?
Дали е точно дека фрчеле пари, станови и што уште не за заташкување на смртта на машинистот?

Ајде пријатели, мераклии за камери, за двобои, лаги и разни првљаштини, отворете си ја устата и кажете затоа што ние ќе ја отвориме и ќе кажеме.

Извор. https://24info.mk/2023/12/25/%D1%98%D0%B0%D0%BA%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%B1%D0%BE%D0%BC%D0%B1%D0%B0-%D0%B2%D0%BC%D1%80%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B1%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D0%B7%D0%B0/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.