Ја запалил тревата , за малку се спасило цело маало

news
Advertisement

Уапсен маж од Гостиварско, ја запалил својата нива, оганот се проширил кон соседната плевна
Вчера во 13 часот и 10 минути полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 81-годишниот Х.Х. од гостиварска Долна Бањица, извести СВР Тетово

Advertisement

„Тој се сомничи дека претходно запалил оган на неговата нива кој набргу неконтролирано се проширил наоколу и зафатил и оштетил соседна плевна, сопственост на 71-годишниот Н.Д. од истото село, како и пластична цевка поставена во близина“, соопшти СВР Тетово.

Нема повредени во пожарот, а со интервенција на гостиварската Територијална противпожарна единица пожарот целосно е локализиран. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.