„Ја кренав жена ми и трчав“, „Избегав со децата. Сега немаме дом“…сведоштва од разорниот земјотрес во Мароко

news
Advertisement

Силен земјотрес од 7,2 степени според Рихтеровата скала ги погоди планините Висок Атлас, при што загинаа најмалку 820 луѓе, а 672 (205 потешко) се повредени, соопшти мароканската државна телевизија.

Advertisement

Најмалку 672 лица се повредени, од кои 205 тешко, во земјотресот со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала што доцна во петокот ги погоди планините на Високиот Атлас во Мароко, се додава.

Најголем дел од штетите и загинатите се во тешко достапни планински области, а повредените се превезуваат на лекување во болниците. Уништени се многу згради, а населението во паника ги напуштало своите домови.

Локалните медиуми објавија дека патиштата што водат до планинскиот регион околу епицентарот на земјотресот се заглавени со возила и блокирани од урнати карпи, што ги забавува спасувачките напори.

Според државната телевизија Ал Аула, земјотресот оштетил делови од историските ѕидини на Маракеш од 12 век.

Новинарот Мартин Џеј, кој живее во Мароко, рече дека земјотресот бил „без преседан“ и „надвор од размери“.
– Првата навестување беше вресокот на мојата сопруга. Само што ги отворив очите. Не можев да замислам дека сум среде земјотрес. Сè вибрираше – креветот, четирите ѕида. Мислев дека е невреме, можеби силен ветер. Ја грабнав капата и ја извлеков сопругата од креветот“, изјави тој за Би-Би-Си Радио 4.
Жителот на Маракеш, Брахим Хими, рече дека видел возила на брза помош како го напуштаат стариот град, додавајќи дека многу фасади на згради се оштетени. Тој рече дека луѓето биле исплашени и останале надвор во случај на нов потрес.
– Лустерот падна од таванот и истрчав надвор. Сè уште сум на пат со моите деца и се плашиме – изјавила Хоуда Хафси (43) во Маракеш.

Монтасир Итри, жител на планинското село Асни во близина на епицентарот, рече дека повеќето од куќите таму се оштетени.

– Нашите соседи се под урнатините и луѓето напорно работат да ги спасат користејќи ги расположливите ресурси во селото – рече тој.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.