Advertisement
Advertisement
По одлично поминатите празнични денови во топлиот и совршено новогодишно украсен Солун, водителката и инфлуенсерка Јелена Спенџарска пред божиќните празници се врати во родното Берово.
Во друштво на најмилите внуки Љубљана и Емона утрово Спенџарска ги засукала ракавите и заедно со дечињата изработиле и украсиле куќички од ѓумбир.
Со најразлични бои, мрвици и други декорации трите уживале и поминале квалитетно време заедно.
Деновиве се совршени за дружба со најсаканите, па од Солун каде што живее со својот партнер Лукас, Јелена деновиве е во Берово за да ужива во нашите божиќни празници заедно со најмилите.
Р.Ж.М.
Фото: Инстаграм
Advertisement