Јорданов: Со зголемени трошоци и сметки за струја успеваме во Штип да испорачаме повеќе проекти од претходната локална власт за 4 години кои немаа ваква криза

news
Advertisement

Како нова локална власт се соочивме малку порано со енергетската криза од компаниите кои пред месец-два излегоа на слободниот пазар, а општина Штип уште од јануари се соочи со зголемени сметки за електрична енергија кои беа 5 до 6 пати повисоки од сметките кои доспевале во тие месеци претходната година, изјави градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов за „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Advertisement

Тој посочи дека, на пример, во јануари месец ЈП Исар кое е под општина Штип имале сметка за електрична енергија од 19 милиони денари, а вкупниот приход по основ на наплата на сметки е 18 милиони денари.

-Што значи по основ само на електрична енергија има повисок трошок, а каде се платите на вработените репроматеријалите и сето она што го има како трошок на месечна основа. Сето ова моравме ние како општини да го субвенционираме, да дадеме милион евра да можат да ја покријат оваа загуба од електрична енергија за да продолжи да функционира на респиратор ЈП Исар. Алармиравме уште тогаш до владини претставници, рече Јорданов.

Тој посочи дека власта наместо да помага во криза таа селективно се однесува кон општините и решава да ја казни општина Штип, но и граѓаните со зголемени давачки за нешто што некој друг го направил и не сносил одговорност.

-Карактеристично за Штип е тоа што пред 20 години бил подигнат кредит од страна на јавното претпријатие а гарант е општината. Кредитот бил потрошен и откако биле искористени средствата обврската за сервисирање никој не ја преземал. Каматната стапка нараснала и неколку пати ја зголемила главнината од кредитот. Основната е 70 милиони денари, и 200 милиони денари нарасната камата затоа што 20 години не бил враќан кредитот и селективно бидејќи централната власт е различна од локалната од првиот ден ми стигна известување дека доколку не се плати рата ќе добиеме блокада на сметка, рече тој.

Јорданов додаде дека во сите вакви околности на енергетска криза, зголемени трошоци, репроматеријали, селективно власта наметнува и ги казнува граѓаните сега за нешто што изминативе 20 години никој не плаќал и не носи одговорност.

-Сега месец за месец ги враќаме ратите, имаме зголемени трошоци за електрична енергија и кои се поголеми од вкупните приходи, успеваме со тешки напори да испорачаме со повеќе проекти отколку претходната локална власт за 4 години кога немале криза, ни плаќале рата, каде им завршувале парите, истакна Јорданов.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.