ЈП„Македонија пат“: Поради најавата на снежни врнежи, викендов да се вози внимателно

news
Advertisement

По најавата на УХМР дека следните денови се очекува значителна промена на времето со обилни врнежи од снег и ниски температури, ЈП „Македонија пат“ апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат законскaта одредба за поседување задолжителна зимска опрема, да користат зимски гуми и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот.

Advertisement

Како што наведува ЈП „Македонија пат“, возачите треба да имаат и топла облека во своите возила, како и полни резервоари со гориво.

Службите ќе бидат постојано на терен, во потполна подготвеност и ќе ги одржуваат сите патни правци да бидат проодни.

„Во текот на престојните денови, од 19.01.2024, до 21.01.2024 (петок, сабота и недела), согласно временската прогноза од УХМР се очекува значителна промена на временската состојба во државата – обилни врнежи од снег и ниски температури проследени со појава на северен ветер. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ја почитуваат пропишаната законскa одредба за поседување задолжителна зимска опрема, да користат зимски гуми, да ја прилагодат брзината спрема условите на патот, како и да имаат топла облека во своите возила и полни резервоари за гориво“, наведува ЈП „Македонија пат“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.