ЌЕ СЕЧКАМЕ САЛАМЧИЊА НА ПОТЕНКО Месната индустрија ќе ги поскапи производите до 10 отсто

news
Advertisement

Само во последните две недели цената на суровината е зголемена за половина до 1 евро по килограм, а тоа ќе влијае и на крајната цена на производот, велат од месната индустрија. Може да очекуваме зголемување на цената на сувомеснатите производи од 5 до 10 отсто во наредниот период, откако Канада ја зголеми цената на месото и ја изедначи со европската берзанска цена, а цената на суровината секојдневно расте на берзите.

Advertisement

Само во последните две недели суровината на месната индустрија поскапе меѓу половина и едно евра по килограм, а тоа ќе биде вклакулирано и во крајната цена на производот.– Цената на месото не се зголемена само во Канада туку и во Европа. Само во последните две недели имаме зголемување на цената од половина евро до 1 евро по килограм, што е многу. Очекуваме цената на берзите да расте уште летово, а за наесен не се знае како ќе биде. Дополнително на ова имаме и високи царински давачки. На секој увезен килограм месо како суровина месната индустрија плаќа дополнителни 27 денари царински давачки. Сето тоа влијае и на формирањето на крајната цена на нашиот производ. Пресметките се дека ќе мораме да ги зголемиме цените на производите од 5 до 10% зависно од увезениот артикл – вели Благоја Бајдовски од месната индустрија „Екстра Меин“.

Според него, единствен излез од ценовен шок за граѓаните во однос на месните производи е владата да ги укине царинските давачки кои се плаќаат на увозот на месо како суровина.

– Кога би се укинале царинските давачки секој увезен килограм месо би чинел 27 денари помалку, односно помалку половина евро, а тоа би се одразило и на цената на нашите производи, но и покрај инсистирање на месната индустрија да се укинат царинските давачки и неколкуте наши средби со одговорните во владата сè уште нема позитивен одговор. За разлика од суровината за која се плаќа царина, за готовите месни производи увезени од земјите во Отворен Балкан не се плаќа царина. Па така, кај нас се увезуваат готови производи без царина, а ние увезуваме суровина со високи царински давачки. сето ова неповолно влијае на месната индустрија – појаснува Бајдовски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.