ЌЕ ЈА СПАСУВА ЛИ ТАРАВАРИ ВЛАСТА НА КОВАЧЕВСКИ ПО РЕЦЕПТОТ НА ГАШИ „Огнената група“ на ДУИ се заканува, мнозинството се топи како мразулец?

news
Advertisement

ЌЕ ЈА СПАСУВА ЛИ ТАРАВАРИ ВЛАСТА НА КОВАЧЕВСКИ ПО РЕЦЕПТОТ НА ГАШИ „Огнената група“ на ДУИ се заканува, мнозинството се топи како мразулец?
Ковачевски може да ги понуди и сите министерства, но тој заборава дека на Македонија ѝ следува тешка економска и енергетска криза. Ни следува банкрот. И што ако им понуди министерски или директорски места на новите коалициски партнери? Тоа е исто како некој да ви рече дека ќе добиете 50 проценти од нула, вели аналитичарот Синиша Пекевски.

Advertisement

Сегашните 64 пратеници кои го сочинуваат владиното мнозинство во Собранието многу лесно би можеле да се намалат на 62, особено откако „огнената група“ на ДУИ, чии членови никако не можат да се помират со фактот дека Артан Груби сѐ уште е главна фигура и десна рака на лидерот Али Ахмети, овојпат отворено се закани дека би можела да делува како фракција, додека, пак, двајцата пратеници од оваа група – Изет Меџити и Мерита Коџаџику – би ја напуштиле пратеничката група во Парламентот и би делувале како независни пратеници.

И кога на сето ова ќе се постави и прашањето колку СДСМ може да смета на својот пратеник Диме Велковски, кој веќе еднаш ѝ го сврте грбот на партијата кога соопшти дека е против францускиот предлог, но и ако се земе предвид незадоволството на пратеникот и лидер на Демократски сојуз, Павле Трајанов, воопшто не би било изненадување доколку наскоро почнат полека да се кршат и така стаклените нозе на власта.

Но, за волја на вистината, коментираат политичките аналитичари со коишто разговараше Плусинфо, дури и таквата пата-пата ситуација и таквото неочекувано изедначување на силите во Собранието не би требало да претставуваат „крај на светот“ за властите, бидејќи, судејќи по потезите повлечени во блиското минато, ова нема да им биде првпат на СДСМ и на ДУИ да изнаоѓаат начини како да се извлечат од калта и да го одржат потребното мнозинство во Парламентот./plusinfo.mk

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.