Ќучук: Македонија ризикува и може да заостане зад Албанија

news
Advertisement

Европратеникот предупреди дека доколку Скопје не ги направи уставните измени во блиска иднина, РСМ ќе се одвои од Албанија на патот кон ЕУ. Така ќе остане во група со земји кои имаат сериозни проблеми со соседите. „Без спроведување на потребните реформи, Република Северна Македонија не може реално да ги започне преговорите за влез во ЕУ и ризикува да се одвои од Албанија. Ова го коментира бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој е копретседател на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) и известувач во Европскиот парламент за Северна Македонија.

Advertisement

„Без промена на Уставот, Република Северна Македонија навистина не може да почне да преговара со ЕУ“, вели бугарскиот европратеник во интервју за БГНЕС.

Тој предупреди дека доколку Скопје не ги направи овие промени во блиска иднина, ќе се одвои од Албанија на патот кон ЕУ. Така, Северна Македонија ќе остане во една група со Србија, Косово, Босна и Херцеговина – земји со сериозни проблеми со своите соседи.

„Од друга страна, тука е и геополитичкиот предизвик, заедно со тоа и можноста Украина да почне да преговара со ЕУ, таа е земја која доби статус на кандидат за членка. Односно, изборот е многу јасен – дали Република Северна Македонија сака да продолжи по својот пат, со реформирање на општествено-социјалните односи, или ќе се приклучи на друга група која нема јасен патоказ во ЕУ“, рече Ќучук и нагласи дека одлуката е целосно во рацете на македонските политичари.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.