„Џабе ти е што си млада, немаш ни струк ни колк“: 30 години помладата жена на славниот актер трпи ужасни коментари поради Моника Белучи!

news
Advertisement

Тина Кунаки ја напаѓаат на социјалните мрежи поради Моника Белучи – ја споредуваат со славната актерка и поранешна жена на нејзиниот партнер

Advertisement

Манекенката Тина Кунаки (25) и нејзиниот сопруг, францускиот актерВенсан Касел (55) привлекуваат внимание каде и да се појават. Го изненадија светот кога пред седум години започнаа врска, пред сѐ, поради разликата во години.

Имено, Венсан е дури 30 години постар од својата сопруга, но тоа досега не им претставувало проблем.

Атрактивната манекенка и нејзиниот партнер со задоволство ја покажуваат својата љубов, како на јавни места така и на социјалните мрежи, а сѐ почесто може да се видат модно усогласени на разни настани. И покрај тоа, сѐ погласни се коментарите дека Венсан имал љубоморни испади пред својата сопруг и дека никаде не ја пушта сама.

Дали станува збор за шпекулации, не е познато, но она што е сигурно е дека оваа двојка никого не го остава рамнодушен.

Инаку, Тина и Венсан се запознале во 2015 година откако актерот се развел од славната италијанска актерка Моника Белучи (57). Истата година започнале врска, во 2018 година се венчале, а наредната година ја добиле ќерката Амазонија.

Иако Моника и Венсан останале во добри односи по разводот, светот не престанува да ги споредува Тина и италијанската актерка, па така едни наведуваат дека Венсан никогаш не требало да ја остави Белучи, како и дека Тина не може ни да се рамни со италијанската дива.

„Тина е убава, но на Моника не ѝ е ни до колена“, „Џабе ѝ е што е млада, Моника е бомба“, „Ни колк ни струк, каква жена е ова?“, „Една е Моника Белучи, Тина може само да ѝ плукне под прозор“, „За разлика од тебе, Моника покрај убавина има и талент“, „Да не е Венсан, никој не би знаел за тебе“, „Овој Касел е луд човек, кој би ја оставил Моника?“, се само некои од коментарите што може да се прочитаат на социјалните мрежи на сметка на овие познати жени.

Тина, Венсан, а и Моника, не им обрнуваат внимание на коментарите, туку уживаат во животот.

Инаку интересно е што и Тина, како Моника, е Италијанка, но со поегзотични корени – по потекло е од африканската држава Того, па кога станува збор за убавината, многумина се согласуваат дека може да ѝ парира на познатата актерка

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.