Џафери ги чека разултатите од истрагата на МВР за скандалот со аудио снимката од комисијата

news
Advertisement

Претседателот на Собранието Талат Џафери ги чека резулатите од истрагата на МВР која треба да утврди кој дозволил во живо на собранискиот Јутуб канал да се слуша тонот од затворената седница на собраниската комисија за надзор над работата на АНБ, која се одржа во петокот, а на која директорот Виктор Димовски реферираше за македонското државјанство на контроверзниот Оленсандр Онишченко. И претседавачот со Комисијата Љупчо Пренџов информираше дека продолжението на комисиската расправа, ќе го закаже откако ќе добие известување од Џафери.

Advertisement

Но, директорот на АНБ Димовски освен пред пратениците, утре на затворена седница во Владата ќе треба да даде отчет за даденото позитивно мислење за Онишченко да добие македонски пасош, информираше премиерот Димитар Ковачевски.Тој кажа дека одговорност мора да има, а најави дека на чело на АНБ ќе биде назначен нов директор, но не поради скандалот, туку поради тоа што Димовски треба да биде амбасадор на Македонија во Франција.

„ Одговорност мора да има и тоа е работа на анализата односно истрагата која таму треба да биде спроведена и јас сметам дека се спроведува. Да ќе имаме нов дикректор на АНБ и тоа ќе се случи би рекол ов наредните 24 дена именвуање на нов директор на АНБ треба да биде професионалец со долгогодишно искуство, кој ќе треба исто така да ги помине филтрите на стратешките партнери. “-Димитар Ковачевски – Претседател на Владата

За случајот со Онишченко, Димовски во петокот изјави дека само едно лице од АНБ направило пропуст, кој како што посочи, иако требало да се консултира со партнерите од НАТО за безбедносен ризик тоа не го сторил и дал одборение, но не откри за кого точно станува збор.

Димовски кажа нема лична одговорност за случајот, но ако се утврди дека има пропуст од негова страна, тогаш тој ќе биде спремен да се соочи и да сноси одговорност ако се утврди дека е виновен

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.