Џафери: Имам право да ја прекинам седницата – ВМРО-ДПМНЕ бара да се продолжи седницата за уставни измени

news
Advertisement

Имам целосно право и се водев од моја политичка проценка за одлуката да ја прекинам седницата откако беше исцрпена расправата и требаше да се гласа за уставните измени. Ова го истакна претседателот на Собранието Талат Џафери откако во петокот по прекинувањето на седницата имаше бројни реакции од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Јас и претходно на координација ги известив пратениците и тие го знаеја исходот од оваа седница, рече Џафери.

Advertisement

„Претседателот на Собранието може да ја прекине седница ако нема мнозинство пратеници потребни за одлучување и во други случаи кога ќе оцени дека тоа е неопходно. Ова е текстот на членот 81 став 1 врз основа на кој сум ја прекинал седницата а во ставот 5 е санкционирано дека времето за продолжување на прекинатата седница го определува претседателот на Собранието.“, вели Џафери.

Ваквата реакција на Џафери следи откако претходно опозициската ВМРО-ДПДМНЕ имаше бројни реакции, а денеска Миле Лефков пратеник од оваа партија го обвини дека го крши Деловникот со тоа што го прекина гласањето. Воедно побара Џафери да ги стави на гласање уставните измени.

„Талат Џафери спротивно на Деловникот за работата на Собранието ја одложи точката за гласање за потребата за отворање на Уставот. Според Деловникот гласањето мораше да се случи во петокот кога беше завршен претресот и имаше обезбедено кворум за гласање. Талат Џафери свесно го прекрши Деловникот за работата на Собранието за да им овозможи на ДУИ и СДСМ да останат на власт ден повеќе. Го повикуваме Талат Џафери да се вразуми и да ги стави на гласање уставните измени.“, изјави Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Седницата се одржа во петокот но поради тоа што немаше обезбедено мнозинство за изгласувањето на уставните амандмани, Џафери ја прекина седница и засега нема најава кога би можела таа да продолжи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.