Џафери сè уште не ја примил иницијативата за референдум – од кабинетот велат дека е надвор од земјава

news
Advertisement

Од кабинетот на спикерот појаснуваат дека тој во моментов е надвор од државата и дека сè уште не ја примил иницијативата за утврдување уредност на иницијативата за собирање граѓански потписи за старт на референдумот што го најави ВМРО-ДПМНЕ
Откако ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата до Собранието, лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски ги повика Владата и претседателот на државата да го поддржат процесот со иницијативата за референдум и, како што рече, да не го опструираат преку собранискиот спикер Талат Џафери
Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери информира оти тој сè уште не ја примил иницијативата за утврдување уредност на иницијативата за собирање граѓански потписи за старт на референдумот што го најави опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

Од кабинетот на спикерот појаснуваат дека тој во моментов е надвор од државата.

„Џафери е надвор од државата. Во моментот кога ќе ја прими, ќе бидете информирани навреме“,

посочуваат оттаму.
ВМРО-ДПМНЕ денеска и официјално до Собранието ја поднесе иницијативата за собирање потписи и отпочнување на референдумот инициран од опозициската партија, според кој, граѓаните би се изјасниле „за“ или „против“ Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу С Македонија и Бугарија.

За ова информира координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој кажа дека како што беше и најавено, денеска иницијативата за отпочнување на референдумот е официјално поднесена до парламентот.

360 степени
МАКЕДОНИЈА
СТОРИЈА
ДЕБАТА
САБОТАЖА
ЗА НАС
Барај
ПРИЈАВИ СЛУЧАЈ

МАКЕДОНИЈА
Џафери сè уште не ја примил иницијативата за референдум – од кабинетот велат дека е надвор од земјава
360степени | 9 септември, 2022 15:36

Од кабинетот на спикерот појаснуваат дека тој во моментов е надвор од државата и дека сè уште не ја примил иницијативата за утврдување уредност на иницијативата за собирање граѓански потписи за старт на референдумот што го најави ВМРО-ДПМНЕ
Откако ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата до Собранието, лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски ги повика Владата и претседателот на државата да го поддржат процесот со иницијативата за референдум и, како што рече, да не го опструираат преку собранискиот спикер Талат Џафери
Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери информира оти тој сè уште не ја примил иницијативата за утврдување уредност на иницијативата за собирање граѓански потписи за старт на референдумот што го најави опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од кабинетот на спикерот појаснуваат дека тој во моментов е надвор од државата.

„Џафери е надвор од државата. Во моментот кога ќе ја прими, ќе бидете информирани навреме“,

посочуваат оттаму.
ВМРО-ДПМНЕ денеска и официјално до Собранието ја поднесе иницијативата за собирање потписи и отпочнување на референдумот инициран од опозициската партија, според кој, граѓаните би се изјасниле „за“ или „против“ Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу С Македонија и Бугарија.

За ова информира координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој кажа дека како што беше и најавено, денеска иницијативата за отпочнување на референдумот е официјално поднесена до парламентот.

Откако ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата до Собранието, лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски ги повика Владата и претседателот на државата да го поддржат процесот со иницијативата за референдум и, како што рече, да не го опструираат преку собранискиот спикер Талат Џафери.

„Време е Владата која се плаши и претседателот кој е многу исплашен да го поддржат овој процес и да не го опструираат преку Талат Џафери во парламентот, туку да дозволат најпрвин да се соберат тие 150 000 граѓански потписи, а потоа и да се оди на референдум, каде што граѓаните ќе можат да ја кажат својата волја. Е тогаш ќе видиме каква ќе биде таа пропорција, дали е така или обратно“,

изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посета на општина Сопиште.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.