Џеко не сака да игра пријателски натпревар против Русија

news
Advertisement

По Миралем Пјаниќ, незадоволство од одлуката на Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина да закаже пријателски натпревар со Русија, јавно изрази и Един Џеко.

Advertisement

Џеко не сака тој и неговите соиграчи да играат со репрезентација чиј политички врв одлучи да изврши воена инвазија врз Украина.

– Јас сум против да се игра овој натпревар. Орсекогаш сум само за мир и Федерацијата го знае моето мислење. За жал, јас не ги носам одлуките за тоа со кого ќе игра БиХ, но имам свој став кој е јасен и кој не сакам да страдаат невини луѓе. Се солидаризирам со народот на Украина во овие тешки моменти – изјави Џеко.

Одлуката на Фудбалската федерација на БиХ во ноември да одигра пријателски натпревар против Русија во Москва наиде на големи критики во јавноста во земјата, а прв се огласи Миралем Пјаниќ./slobodenpecat.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.