👇👇.. ИНЦИДЕНТОТ НА КАНАЛ 5 НЕ ПРЕСТАНУВА ДА ЈА БРАНУВА ЈАВНОСТА: Се редат реакции, едни го поддржуваат Рамадани, други Мирчевски

news
Advertisement

Лавина реакции следат по инцидентот кој завчеравечер се случи во емисијата Само вистина, на Канал 5 телевизија.

Advertisement

Со реакции се јавија бројни јавни личности, делови од поранешната шарена револуција, професори…

Еве дел од реакциите.

Професорката Мирјана Најчевска со втора реакција на фејсбук реагираше на инцидентот.

„Исмет Рамадани го искара и го етикетираше како националист новинарот затоа што му поставуваше прашања поврзани со криминалот на високи функционери во власта.

Значи ако некој ја ограничува слободата на говорот тоа е Исмет Рамадани.

А границата на секое право е правото на другиот.

Во случајот на една страна е владин функционер а на друга е новинар.

Пресудите на ЕКЧП имаат многу рестриктивен однос кон слободата на функционерите да критикуваат наспроти онаа на граѓаните и посебно на медиумите.

Не се летајте.

Во случајов Исмет Рамадани е тој кој ги нарушува правата.“ напиша Најчевска.

Се огласи и Замир Мехмети, порано беше дел од Шарена револуција и радиодифузер, брат на Ермира Мехмети која долги години беше дел од ДУИ.

„ Како поранешен член на Советот за радиодифузија денешна Агенција за аудио и визуелни медиумски услуги згрозен сум но не и изненаден од настапот на директорот на Канал 5 – Иван Мирчевски.

Велам не сум изненаден имајки го предвид фактот дека со дотичниот сум имал можност да дебатирам кога во Советот имавме дебата за родова еднаквост во националните телевизии и одблиску се уверив дека се работи за ноторен лажго и опасен манипулатор, кога без срам не убедуваше дека во телевизијата каде он е директор нема никаква дискриминација, па дури дека жените се најгоре на пиадесталот, додека во исто време во Канал 5 се емитуваше шоуто на Миленко кое од почеток до крај беше преполно со говор на омраза, со расна, родова и етничка дискриминација, а директорот се правеше наудрен или “јас нисам одавде”.

Во тоа време Миленко во неговата емисија ја навредуваше новинарката Мери Јордановска со најдолни зборови, ширеше невиден говор на омраза кон неа и кон други нејзини колешки и колеги новинари.
Во еден момент му реков – Нели Ви е срам директоре да држите вакво лажно предавање за родова еднкавост, додека Миленко навредува и шиканира новинарки во телевизијата каде Вие сте директор?
Он на тоа со наведната глава кратко одговори дека тоа шоу е од приватна продукција и они не смеат да се мешаат во уредувачката политика.
Сакаше да се сокрие под едно штуро десет секундно делче пред почетокот каде се велеш дека ставовите во емисијат ме се ставови на телевизијата.

Вечерва бевме сведоци дека овој човек си дозволува за право да се вмеша среде емисија и да побара почитуваниот, коректниот и умерниот Рамадани да го прикаже како националист и да побара негово остранување од емисијата и прекинување на истата.

И замислете да ни се продаде сите нам гледачите како отворен, неоптоварен и професионален човек и новинар, со булшити од типот јас имам многу браќа Албанци, како тоа да е нешто многу ненормално, а ете он широкиот сепак нема проблем со тоа.
Иван Мирчевски е срам за новинарската фела и фактот дека он е директор на национална телевизија говори доволно до кое дереџе за жал денес се медиумите.“, напиша тој.
Со реакција се јави и поранешната пратеничка Солза Грчева.
„ Алал да и е на Канал 5, посебно на директорот Мирчевски, што не дозволи Исмет Рамадани да ги навредува Македонците.
Цела држава СДС им ја даде во нивни раце и уште не можат да ги одболуваат детските болести и комплекси.

И што да се каже за Албанците кои секогаш, ама секогаш гласаат против македонските интереси. Без разлика од која партија се. Тоа е “соживот“?

Сега како го исфрлиле од студиото, треба да биде итно исфрлен од функцијата. И плус да одговара за “поттикнување на национална омраза“., напиша таа.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.