Ужасна несреќа во теретана: Маж почина откако врз него паднала шипка за време на тренинг
Роналд Хозе Салвадор Монтенегро трагично го загубил животот во теретана во Рио Досе, Бразил, откако за време на тренинг со бенч прес врз неговите гради паднала тешка шипка. Иако веднаш бил помогнат од персоналот и пренесен во Одделот за итни случаи, тој не успеал да ја преживее повредата.
Несреќата се случила во понеделникот и е забележана од безбедносните камери во објектот. На снимките се гледа дека Монтенегро вежбал сам, а според експертите, неправилен зафат можел да биде причина за лизгањето на опремата.
Роднина на починатиот изјавил за бразилските медиуми дека Роналд бил здрав, активен и редовен посетител на теретаната, како и дека во моментот на несреќата немал професионален надзор. Семејството истакнало дека вакви тренинзи бараат тренер кој постојано ќе го следи вежбачот, а сметаат дека теретаната немала соодветни услови за прва помош.
Случајот е регистриран како несреќна смрт во полицијата, а причината ќе биде официјално утврдена по обдукцијата.
Роналд Монтенегро, татко на две деца, бил претседател на Културниот центар „Паласио дос Бонекос Гигантес“ во Олинда и познат поддржувач на локалниот Карневал. Институцијата во која работел објави соопштение со кое изрази длабоко сочувство за неговата ненадејна смрт