Се запалиле 3 патнички возила и мотоцикл во Сарај – од пожарот зафатен и дел од куќата пред која биле паркирани возилата

news
Advertisement

Три возила и еден мотоцикл се запалиле синоќа во с. Крушопек, Општина Сарај, информираат од МВР. Нешто после 3 часот по полноќ, случајот бил пријавен во СВР Скопје. Од пожарот во возилата, зафатен бил и ѕидот од влезната врата на куќата пред која биле паркирани сите возила. 

Advertisement

Од МВР со детали за случајот. 
-На 14.09.2022 во 03.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Крушопек, општина Сарај, настанал пожар во патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на О.С.(25) од с.Крушопек, патничко возило „даеву тико“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.С.(54) од с.Крушопек, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.С.(35) од с.Крушопек и мотоцикл без регистарски ознаки. Од пожарот бил зафатен и ѕидот и влезната врата од куќата на Б.С.(37), пред која биле паркирани возилата. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

За среќа, од МВР соопштија дека повредени лица нема.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.