Владата негира дека преговара со Британија за мигранти. Британските медиуми пишувале за „домашна употреба

News

Македонската Влада негира дека води преговори со Велика Британија за прифаќање на мигранти кои се одбиени за азил, како што објавија британски медиуми.

-Ваквиот напис е за внатрешно-политичка употреба. Единствената вистина е таа што ја кажа и амбасадорот на Британија во Македонија Метју Лосон во јавна изјава во мај, кога категотично ги отфрли тврдењата дека Македонија ќе прифаќа мигранти – изјавила портпаролката на Владата Марија Митева за СДК.

Инаку, Дејли мејл“ и други британски медиуми денеска објавија дека неуспешните баратели на азил би можеле да бидат депортирани во Македонија според новиот план за намалување на преминувањата низ Ла Манш, како и дека Македонија влезе во формални разговори со Велика Британија за да биде домаќин на „центар за враќање“ на мигранти наесен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *