17 годишен малолетник од Тетово со нож се заканувал на соученици – веќе има и кривични дела за семејно насилство, физички напади, тешки кражби…

news
Advertisement

На 04.10.202З година, во 14.05 часот, во полициска станица Тетово 37-годишната Ф.Б. од Тетово заедно со нејзиниот 14-годишен малолетен син, пријавила Поплака против 17-годишен малолетник од Тетово, поради тоа што секој ден го вознемирува нејзиниот син пред основното училиште каде што учи и му се заканува дека ќе го тепа или повреди со нож. Истата побарало д се предупреди малолетникот и во иднина да не го вознемирува нејзиниот малолетен син.

Advertisement

Истиот ден околу 20.45 часот пријавениот малолетник сам дошол во полициска станица Тетово поради пријавување на друго дело, при што бил извршен службен разговор и во врска со пријавената поплака и истиот бил предупреден за случајот.

Инаку малолетникот за кој станува збор повеќепати е пријавуван во СВР Тетово и против него е се изготвени и до ОЈО Тетово се поднесени повеќе поднесоци меѓу кои и за сторени кривични дела (Кражби, Тешки кражби, семејно насилство и физички напади) а во тек се и други постапки кои наскоро ќе бидат заокружени со соодветни поднесоци.

Извор: https://4news.mk/17-godishen-maloletnik-od-tetovo-so-nozh-se-zakanuval-na-souchenitsi-veke-ima-i-krivichni-dela-za-semejno-nasilstvo-fizichki-napadi-teshki-krazhbi/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.