2023 НЕМА ДА БИДЕ ИЗБОРНА ГОДИНА Ковачевски „ладно“ го отфрли предлогот на Мицкоски

news
Advertisement

Ковачевски повика сите 120 пратеници во Собранието да покажат одговорност и да го поддржат пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија, а партиските интереси да ги остават настрана.

Advertisement

Следната 2023 година нема да биде изборна, бидејќи сè уште трае скринингот и ние најверојатно нема да направиме да се прекине скринигнот сега, по 17 години чекање – изјави премиерот Димитар Ковачевски вечерва во интервју за МРТ.

– Скринингот треба да заврши во ноември 2023 година. Второ, енергетската криза нема да застане и економската криза, би требало да бидат функционални институциите кои што ќе се справуваат со неа. Трето, имаме за носење голем број одлуки во Собранието кои што бараат широк општествен и политички консензус и кој што консензус нема да го обезбедат избори. Јас гледам некои политички партии велат ние ќе гласаме доколку има избори – рече Ковачевски.

Според него, поддржување избори на сметка на стратешки прашања е апсолутно несоодветно.

Тој оцени дека со ширење внатрешни тензии во општеството, со ширење недоверба со соседите не се стига никаде, и оти, тоа, како што кажа, не е начин за напредок на државата.

Ковачевски повика сите 120 пратеници во Собранието да покажат одговорност и да го поддржат пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија, а партиските интереси да ги остават настрана.

– Уставните измени и сите одлуки коишто понатаму ќе следат до полноправно членство се обврска на сите политички партии. Тоа е надпартиски интерес за граѓаните, а не за политичките партии. Политичките партии имаат многу други теми на коишто можат дневнополитички да се натпреваруваат, од политика на даноци, социјални политики, инвестициски политики… Но, ова прашање е прашање за иднината на граѓаните, бидејќи македонските граѓани сакаат да живеат во ЕУ, ама тие сакаат да живеат во ЕУ тука во својата држава, а не да живеат во ЕУ како сега, во туѓина, во други земји. И тоа е тоа што сите пратеници треба да им го овозможат на граѓаните – истакна премиерот Ковачевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.