26-годишна девојка од Тетово го прегазила поранешниот дечко

news
Advertisement

Момче од Тетово во полициска станица пријавило дека неговата поранешна девојка го удрила со автомобил во доцните вечерни часови додека одел пеш.

Advertisement

„Дваесет и седумгодишниот Д.М. од Тетово, ноќеска (27 јануари) во 3 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 2 часот и 20 минути на улица „141“ во Тетово бил удрен од возило „алфа ромео“ со тетовски ознаки, што го управувала тетовката А.М.(26), со која подолго време биле во врска“, известува полицијата.

МВР дополнува дека се расчистува и документира случајот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.