Насилство врз деца за време на час во Камењане

News

Шеесет и петгодишен маж од општина Јегуновце е осомничен за насилство врз две деца за време на училишен час. Инцидентот, според полицијата, се случил во образовна установа во село во општина Камењане.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ќ.А. (65) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ врз деца.

„На 19.09.2025 година во образовна установа во село во општина Камењане, за време на одржување на час, пријавениот во неколку наврати насилно се однесувал кон двајца малолетници“, информираат од полицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *