Гази Баба и Автокоманда денес тагуваат поради загубата на Боби Ле Петит, човек познат по своето големо срце, хуманост и пријателство. Лавовски се бореше до крај, но за жал, неговата битка заврши.
Семејството Стојковиќ, како и сите кои го познаваа, се соочуваат со неизмерна загуба, а спомените по Боби ќе останат засекогаш како потсетник на неговата добрина и присуство.
„Не постои човек кој за него ќе каже лош збор. Денес загубивме сите, не само неговото семејство“, велат пријателите и сограѓаните.
Збогум, пријателе – твоето присуство ќе недостасува, но твојата добрина ќе живее во сеќавањата на сите.