46-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ ТРИПАТИ МУ ЗАБИЛ НОЖ НА СИНОТ ЗА ДА НАУЧЕЛ ДЕКА ТРЕБА ДА ГО ПОЧИТУВА, ИЗБОДЕНОТО МОМЧЕ Е ВО БОЛНИЦА

news
Advertisement

Тешко семејно насилство од 46-годишен татко врз синот кој бил на околу 20-ина години се случило завчера во Скопје. Незадоволен што не го почитувал, таткото извршил обид за убиство на синот, избодувајќи го трипати со кујнски нож.

Advertisement

Тешко повреденото момче е спасено од сведок, кој го однел и во болница.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје за родителот бара притвор.

На 14 јануари, во кујната на нивниот ресторан во Скопје, на улицата „Кирил Пејчиновиќ“, осомничениот извршил семејно насилство и со умисла се обидел да го лиши од живот сопствениот син, вели Обвинителството.

По кратка вербална расправија, за која причина биле претходно нарушени меѓусебни односи, осомничениот зел кујнски нож и му нанел три убодни рани на синот во стомакот, десната подлактица и грбот, нанесувајќи му тешки телесни повреди.

„Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, односно дека ќе го доврши обиденото кривично дело. Имено, тој и во дадениот исказ пред јавниот обвинител признал дека во критичниот момент одлучил ‘да го реши оштетениот’, односно да го лиши од живот, и дека се надева во иднина оштетениот да разбере дека треба да го почитува својот родител или повторно може да се случи истото”, соопшти ОЈО Скопје.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.