50 годишен жител на Охрид загина во сообраќајка кај Битола

news
Advertisement

Во СВР Битола вечерва во 19.32 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, во близина над селото Братиндол, битолско, се случило сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило марка „бмв” со ресенски регистарски ознаки управувано од Б.Н.(24) од селото Езерани,ресенско и сопатник К.Ш.(25) од село Царев Двор, ресенско и патничко возило „рено клио”со охридски регистарски ознаки управувано од Г.С.(50) од Охрид и сопатничка Н.С.(55) од Охрид.

Advertisement

Од страна на доктор во Клиничката болница во Битола, кај лицето Г.С констатирана е смрт како последица од повредите, а кај сопатниците констатирани се повреди.

Увидот го врши увидната екипа на СВР Битола, а сообраќајот на релација Битола-Ресен е пренасочен по стариот пат.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.