500-те денари за Рафит Хасани од Тоше Проески: Те молам оди вечерва дома, не можам да те гледам како киснеш на дождов

news
Advertisement

Приказната на Хасани ја обиколи Македонија во 2012 година, а беше уште еден доказ за добрината на миленикот на нацијата, Тоше.

Advertisement

Имено, неколку години пред да го напушти овој свет, една врнежлива вечер Тоше застанал со автомобилот до Рафит, кој продавал весници на булеварот „Партизански одреди“.

Тој го прашал Хасани колку заработува во една вечер, на што добил одговор: „Околу 150 денари“.

Без воопшто да размислува, Тоше извадил 500 денари од џебот, му ги дал на продавачот и му рекол: „Те молам оди вечерва дома, не можам да те гледам како киснеш“.

По тој настан, Тоше редовно го посетувал Хасани за да му однесе топол чај во термос.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.