Полицијата привела жител на неготинско Тимјаник, кој во алкохолизирана состојба се однесувал недолично во казино

News

Полицијата утрово привела жител на неготинското село Тимјаник, кој во алкохолизирана состојба се однесувал недолично во казино.

-Денеска во 3:20 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го привеле А.С., 36-годишник од неготинското село Тимјаник, затоа што истиот во казино во Неготино недолично се однесувал, а по преземени мерки, констатирано било дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,69 промили алкохол во крвта, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на настаните, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *