55 милиони евра црни пари завршиле во Македонија – акции и во Скопје, МВР и ОЈО без одговор дали се поврзани со Турција

news
Advertisement

Пронајдени и одземени се пари, лични документи, празна рамка од пиштол, мобилни телефони и компјутерска опрема користена за вршење на кривичното дело откако полицијата извршила претреси на две локации во Скопје кај еден правен субјект и едно физичко лице. Претресот е поради основано сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца.

Advertisement

„При претресот во правниот субјект биле затекнати 17 лица кои работеле како оператори за комуникација со играчи на кои им се приредува спортско и друг вид на обложување и други видови на игри на среќа. Пронајдени и одземени се 103.545 евра, 400 долари и 100 фунти, лични документи, празна рамка од пиштол, мобилни телефони и компјутерска опрема користена за вршење на кривичното дело“, велат од МВР.

Акцијата на МВР уследи по разбиената обложувачка мафија „Тотобо“ во Истанбул, која се протега од Германија до Турција, а ја вклучува и Македонија. Сепак, на прашањето дали сето ова е поврзано, од МВР и ОЈО без конкретен одговор.

Претресите ги извршиле полициски службеници од Бирото за јавна безбедност – Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, во соработка со Управата за јавни приходи. Налогот и наредбата ги добиле ОЈО Скопје. Од таму велат дека до овој момент не се контактирани од Турција.

„До овој момент до Јавното обвинителство не е пристигнато известување од надлежни органи или барање поврзано со акцијата во Република Турција. ОЈО постапува во предистражна постапка која се однесува на кривично дело -Приредување игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган и во рамките на која на 8-ми август без извршени претреси на две локации, беше запленета компјутерска опрема и документација, како и пари. До овој момeнт не е утврдено дека овој настан е поврзан со мрежатa за илегално обложување откриена во Република Турција“, велат од ОЈО.

Според информациите на турски Милијет, во рамките на акцијата во Турција приведени биле 59 членови од мафијата, која остварила добивка од 55 милиони евра. Своите операции со илегално обложување ги вршела во Турција, Германија и Македонија. Полицијата осум месеци ја следела операцијата. Полицијата соопшти дека продолжува операцијата со која се работи да се сузбие една од најголемите афери на нелегалното обложување. По следењето на сметките на членовите, било утврдено дека оствариле промет од 1 милијарда лири, кои биле префрлени во Македонија преку криптовалути. За централната банка да не ги следи овие пари, се формирале уплати со по 10-15 илјади долари и тие средства биле акумулирани на една сметка, потоа претворани во криптовалути и трансферирани во Македонија, пренесува „Милијет“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.