Уапсен тетовец баран од Интерпол

News

Полицијата во Тетово вчера уапси 49-годишен тетовец затоа што бил баран со потерница од Интерпол поради кражба на рентакар возило Германија.

„Вчера (28.11.2025) во 17:40 часот на улица „Браќа Миладинови” во Тетово полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка-Интерпол го привеле Ш.А.(49) од Тетово кој бил баран за одземање моторно возило (рентакар) во Република Германија“, велат од полицијата.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *