Пејачот со кариера подолга од половина век откри дека ужива пензии од три различни држави.
Пејачот Миле Китиќ откри дека веќе неколку години е пензионер и дека прима дури три пензии – од Босна, Србија и Германија. Како што вели, за време на својата повеќе од 50-годишна кариера успеал да стекне право на пензии во различни земји во кои работел и живеел.
Имам голема пензија“, изјави Миле Китиќ низ насмевка.
Потоа додаде:
Босанската е 62 евра, од Србија добивам околу 70 евра, а имам и малку од германската. Се шегувам, но доволно е за еден ручек.
Тој истакна дека, иако не заработил милиони, доволно стекнал за да живее безгрижно до крајот на животот.
Ако за 50 години пеење не сум успеал нешто да заштедам, тогаш ништо не сум направил“, додаде Китиќ.
Со сопругата Марта Савиќ, пејачот неодамна се преселил во луксузна куќа на Авала, за која се шпекулира дека вреди околу 500.000 евра. Своето богатство го вложил во недвижности, а, како што вели, сè што има ќе ѝ остане на ќерката.