880 црни божиќни честитки до сообраќајни прекршители

News

Естонската полиција годинава испраќа 880 црни божиќни честитки до најризичните возачи – како директна порака да престанат со опасното однесување зад волан. Ова е 15-та година по ред како се спроведува кампањата.

Бројот на приматели е зголемен од 850 на 880, а меѓу нив има и „редовни“: 134 биле на листата и лани, додека 28 лица влегле на листата три години по ред. На листата се стигнува ако возачот има најмалку четири сообраќајни прекршоци или кривични дела.

Според податоците, околу една третина од прекршоците се за брзо возење, а овие 880 возачи заедно предизвикале 81 сообраќајка и направиле 4.603 прекршоци (без казните од брзински камери).

Полицијата порача: поентата е да се „разбуди совеста“ – дали си дел од оние што ја прават сообраќајната култура побезбедна, или дел од оние што ја прават опасна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *