Иво Филипче, синот на актуелниот претседател на СДСМ и поранешен министер за здравство, Венко Филипче, го прослави завршувањето на средното образование.
По тој повод, Венко Филипче сподели фотографија со својот син на социјалните мрежи, придружена со емотивна порака:
„Честита матура, Иво. Животот ќе ти зависи од одлуките кои ги носиш. Мисли два пати и остани скромен. Силата е во умот.“
Иако поранешниот министер ретко споделува детали од приватниот живот, повремено објавува фотографии со својот син, посебно од заеднички моменти исполнети со спортски активности и дружење.
Дел од тие моменти вклучуваат гледање натпревари на македонската репрезентација, како и возење четирицикли во природа – активност што ја делат и со поранешниот премиер Зоран Заев и неговиот син Душко.
Фото: Фејсбук
РЖМ