Advertisement
Advertisement
Толку често омаловажувана, запоставена, оставена на маргините… А всушност – Преспа е дар од земјата. Место каде што тишината зборува, каде што мирот не е луксуз туку секојдневие.
Овие фотографии не се од егзотични дестинации, туку од нашата Македонија. Ова е Преспа – со својата дива убавина, со сјајот на школките на брегот, со езеро што мириса на спокој.
Фотографиите се објавени во групата „Патувања низ Македонија“, а ние имаме само едно да ви кажеме:
Ако ви треба одмор за душа, ако сакате мир, автентичност и нешто што не е „инстаграм-клише“ – одете таму. Не, нема гламур. Но има нешто многу повредно – тишина што лекува.
ФОТО Фејсбук-група Патувања низ Македонија
Advertisement