Advertisement
Advertisement
Прошетката на скопјанецот Драган Тапшанов и неговото синче доби неочекуван пресврт, кога во близина на археолошкото наоѓалиште над селото Таор налетаа на змија со вртоглава должина од околу 2 метра.
Тапшанов, познат по своите авантуристички тури и фотографии од природата, снимал кратко видео за Инстаграм, кога забележал змија со голема должина. Реакцијата ја документирал сосема случајно – сцената е дел од видеото што подоцна го сподели со своите следбеници.
На снимката се гледа како змијата полека се движи низ шумскиот предел, без да покажува агресија.
Advertisement