Пејачката Андријана Петрушевска, која публиката ја запозна преку музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, деновиве направи вистинска промена на својот изглед. Таа реши целосно да ѝ ја довери својата коса на тимот на Studio Fashion VA, каде што талентираниот стилист Војкан Андреевски реализираше впечатлива 3D фризура.
Резултатот е – гламурозна трансформација која целосно го нагласи нејзиниот темперамент и сценска енергија. Долгата, бујна и совршено стилизирана коса ѝ дава дополнителна доза женственост и самодоверба, нешто што веднаш го препознаа и нејзините обожаватели.
Андријана со насмевка истакна дека е „презадоволна од промената“ и дека токму ваквиот изглед совршено ја подготвува за новите професионални предизвици. Низ фотографиите, се гледа сјајот и задоволството од еден модерен, професионален и целосно освежен имиџ.
РЖМ