УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ВЛЕЗЕ ВО КЛУЧНИОТ ИСТОЧЕН ГРАД КРУПИЈАНСК

news
Advertisement

Украинските сили влегоа во клучниот источен град Купијанск, во брзата контраофанзива со која повратија дел од окупирантаа територија, велат властите. Купијанск е витален центар за снабдување на руските сили во источна Украина и падна една недела по инвазијата во февруари

Advertisement

Украинските специјални сили објавија фотографии на социјалните мрежи на кои рекоа дека ги прикажуваат нивните офицери во градот. Ова е најзначаен пробив откако Русија се повлече од областите околу Киев во април. Ако се потврди – и се одржи – овој пробив ќе се користат како знак дека армијата на Украина може да ја врати територијата окупирана од Русија, додека земјата продолжува да бара воена поддршка од Западот. За Русија, ова би значело понижувачки неуспех, бидејќи нејзините сили ја окупираа областа во раните денови на војната.

Претставници на одбраната на Велика Британија денеска изјавија дека Украина напреднала 50 километри на територијата што претходно ја држеше Русија.

„Руските сили веројатно беа изненадени“, соопшти Министерството за одбрана на Велика Британија. „Секторот беше лесно задржан и украинските единици зазедоа или опколија неколку градови“.

Украина ја започна својата контраофанзива на исток оваа недела, додека меѓународното внимание беше фокусирано на очекуваниот напредок во близина на јужниот град Херсон. Аналитичарите веруваат дека Русија пренасочила некои од своите најискусни трупи да го бранат градот. Но, освен што добива на сила на исток, Украина, исто така, остварува придобивки на југ, рече официјален претставник.

Но, се смета дека руските сили кои се борат на јужниот фронт се вкопале во одбранбените позиции, а украинските трупи се соочиле со силен отпор од почетокот на офанзивата./sdk.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *