Апсење на Табановце: Австриец со „фолксваген“ кампер пробал да шверца дрога

News

Вчера во 11:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода М.Ф.(44) од Австрија.

При гранична контрола и проверки во возилото „фолксваген“ – кампер со австриски национални ознаки, кое го управувал, во неговиот личен багаж е пронајдена марихуана.

Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *