СКАНДАЛ ВО ЗДРАВСТВОТО: Пациенти плаќале што не треба, „итна“ без лекови – директори си креваат плати 10% незаконски

News

Контролите во јавните здравствени установи откриле сериозни пропусти: лекови за итна медицинска помош под минимум, немало ампули против болки, а во две институции пациентите плаќале услуги што не требало да ги плаќаат, соопшти директорот на ФЗО, Сашко Клековски.

Според него, во една установа било констатирано дека лековите за итна помош се под нивото потребно за нормално функционирање, а во друга дека нема доволен број екипи според предвиденото.

Дополнително, Клековски посочи дека во неколку клинички центри биле забележани злоупотреби со платите:

  • 2 случаи каде директорите си ги зголемиле платите за 10% спротивно на закон и колективни договори

  • уште 8 случаи каде не биле доставени документи за внесување на податоци за дежурства и дополнителни активности

ФЗО најави дека сите утврдени наоди ќе бидат доставени до Министерството за здравство, Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија, а на институциите им е даден рок од два месеци да ги исправат недостатоците — по што следуваат нови контроли.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *