Денеска избувна пожар во кој целосно беше опожарена фамилијарната куќа на семејството Нешковиќ. Огнот го уништи домот и семејството остана без кров над глава.
Граѓаните упатуваат апел до сите хумани луѓе да помогнат – секоја поддршка, материјална или финансиска, е добредојдена, особено во овие студени денови.
Контакт за поддршка: Раде – 075 330 478
Апелот има цел да се обезбеди брза помош за семејството, за привремен сместувачки покрив и полесно надминување на тешката ситуација.