На 15.12.2025 во 22:20 часот во СВР Тетово, С.Р. (33) од с. Желино пријавил дека додека се движел по улица „113“ со пријател, бил физички нападнат од четири лица. Според пријавата, еден од напаѓачите користел и метален предмет.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.