Полициски службеници од СВР Тетово на 17.12.2025, во период од 11:00 до 13:30 часот, спроведоа акциска контрола со цел откривање и санкционирање возачи кои вршат јавен превоз на патници без лиценца.
При контролата, на улицата „Илинденска“ во Тетово било запрено патничко возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од К.И. (67) од с. Камењане, при што било утврдено дека врши јавен превоз без лиценца издадена од надлежен орган.
Дополнително, на улицата „Маршал Тито“ во Тетово биле затекнати уште пет возачи кои вршеле јавен превоз без потребната лиценца. Станува збор за:
Х.К. (48) од Тетово со „фолксваген туран“
Е.М. (49) од Тетово со „фолксваген голф“
Б.Р. (71) од с. Брвеница со „хјундаи“
А.Д. (22) од с. Фалише со „мерцедес“
Ф.Б. (51) од с. Џепчиште со „голф“
По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни пријави по член 284-а од Кривичниот законик.