
Се приклучил на активна сесија на банкомат и украл 25.000 денари
Штипската полиција поднесе кривична пријава против З.Е. (38) од Штип, кој се сомничи за кражба извршена на несекојдневен начин.
Како што соопштија од СВР Штип, осомничениот го искористил моментот кога претходната корисничка не ја прекинала активната безконтактна сесија на банкомат. Откако жената завршила со користење на банкоматот и се оддалечила, З.Е. се приклучил на сè уште активната сесија и без нејзино знаење или дозвола подигнал 25.000 денари од нејзината картичка.
По пријавувањето на случајот и преземените мерки, полицијата го идентификувала сторителот и против него е поднесена соодветна кривична пријава.
Надлежните институции апелираат граѓаните секогаш да проверуваат дали банкомат-сесијата е целосно завршена пред да се оддалечат, особено при користење на безконтактни картички.