Познат идентитетот на загинатите во сообраќајката во која повреден беше Ентони Џошуа

News

Британскиот боксер Ентони Џошуа е во стабилна состојба по сообраќајна несреќа во Нигерија во која загинаа двајца лица.

Според официјални информации, медицинските експерти потврдија дека хоспитализираните по несреќата се стабилни и не им е потребна итна медицинска интервенција.

Промоторската куќа на Џошуа, „Мечрум Боксинг“, објави дека загинатите се блиски пријатели и членови на неговиот тим – Сина Гами и Латиф Ајоделе.

Несреќата се случи во понеделникот, кога возилото во кое се наоѓал Џошуа удрило во паркиран камион на автопат во сојузната држава Огун, во близина на главниот град Лагос.

Џошуа во моментот се наоѓа под лекарски надзор и се очекува да продолжи со нормални активности откако се опорави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *